Утрово редици на луѓе чекаа пред просториите на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје за да извадат лични документи во закажаните термини.
Системот за прием и издавање на лични документи не беше во функција во изминатите пет дена поради миграција во нов систем, како што претходно информираше МВР.
За застојот за личните документи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неколку дена објасни дека има зголемен број барања. Истовремено, тоа според Спасовски, се совпаѓа со миграцијата на податоците на нов систем, која почнала пред некој ден, а ќе заврши денеска.