Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам Репеџи и Весна Бендевска од политичките партии ДУИ и ЗНАМ разменија остри ставови за моменталната политичка состојба и улогата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во владата.
Бајрам Реџепи од ДУИ изјави дека неговата партија била дел од владата исклучиво затоа што добила поддршка од дел од албанските гласачи. Според него, тоа не било лична амбиција или желба, туку резултат на изборниот легитимитет. Реџепи додаде дека, моменталната политичка ситуација остава впечаток дека коалицијата ВРЕДИ речиси и да нема влијание во владата. „ДУИ никогаш нема да се залага за дестабилизација на државата“, истакна тој.
Од друга страна, Весна Бендевска од движењето ЗНАМ побара „дедуизација“ на државата, односно, како што објасни, ослободување на институциите од политичкиот модел кој го поврза со врвот на ДУИ. Според Бендевска, дедуизацијата не е напад врз албанската заедница, туку борба против систем на корупција, криминал и ароганција кој, како што рече, е длабоко вкоренет во врвното раководство на партијата.
„ДУИ е заглавена во реторика од пред две децении. Немаат нови проекти, само критики – често без основа. А сепак, сме сведоци дека таму има луѓе со квалитет и потенцијал. Затоа, реформата е неопходна“, додаде Бендевска.