Реџепи Зејд поднесе иницијатива за Законот за попис: „Противуставно е граѓаните да се делат на резиденти и нерезиденти“

од Nikola Popovski
49 прегледи

Пратеникот од редовите на Европскиот фронт и претседател на движењето „Попули“, Скендер Реџепи-Зејд соопшти дека поднесува иницијатива пред Уставниот суд за уставноста на дел од методологијата за попис. Смета дека се повредени одредени членови од Уставот и Законот за попис. Очекува поддршка од сите политички партии во државата.

Реџепи Зејд на прес-конференција истакна дека при создавање на методологијата, претходниот директор на Заводот за статистика направил сегрегација и категоризација на граѓаните, односно ги поделил граѓаните на „резидентни“ и „нерезидентни“ граѓани, што, како што вели, е противуставно и противзаконски. Смета дека е тоа треба да се поправи.

Оттаму, додава пратеникот, „злоупотребата на ваква поделба ја прави оваа моноетничка и антиалбанска Влада која ги дели граѓаните и бројот на можностите за вработувања на граѓаните ги оневозможува за тие што се нерезидентни“.

-Очекуваме од Уставниот суд да ја стави во мирување оваа поделба што ја прави Владата, додаде Реџепи Зејд.

Слични содржини