Редно е некој судија да одговара во државата, вели Богоев за застарувањето на судските предмети

од Nikola Popovski
256 прегледи

На темава сум прилично гневен и разочаран. Бев дел од „Шарената револуција“ и бев вклучен во нејзиното создавање и брендирање и главната парола беше „Нема правда, нема мир“. Јас сакам јавно да прашам ајде да ги видиме со име и презиме кои се судиите што 6-7 години не можат или не сакаат да донесат пресуди за предметите на Сашо Мијалков, Никола Груевски, Антонио Милошоски, Орце Камчев… Тие имаат име и презиме. СЈО се зодаде во 2016 година, вели потпретседателот на СДСМ и директор на Царината, Стефан Богоев за застарувањето на судските предмети.

Тој прашува „зошто некој судија не одговара за злупотреба на службена функција кој што свесно застарил предмет и треба сега да плаќаме штета од Буџетот“.

-Собранието е колективен орган и пратениците одлучуваат слободно согласно закон и Устав. Не сум сигурен дека тој Закон е причина за ова. Некои предмети ќе застарат за неколку месеци и без овој Закон, рече Богоев во емисијата „Студио 10“ за измените на Кривичниот законик.

Функционерот вели дека е „редно некој судија да одговара во оваа држава“.

-Не може во затворите да имате криминалци, политичари, новинари, бизнисмени, обвинители, а ниту еден судија да не биде изведен пред суд или обвинител. Јас ова го туркам во партијата. Органите треба да си ја работат работата. Јас ако сум од владеачка партија, не можеме да сум мешаме на Судскиот совет. Тие седат таму пари земаат. Треба да лоцираат одговорност кај судии, оценува Богоев.

Слични содржини