Редовниот секс е штетен за постарите мажи

од desk3
111 прегледи

Редовниот и задоволителен секс е штетен за постарите мажи, покажува новото американско истражување цитирано од Франс прес.

Според направеното истражување кое опфатило 2200 лица на возраст меѓу 57 и 85 години, постарите мажи се изложени на ризик од срцеви проблеми при регуларниот сексуален живот.

2111167332

Оние од нив кои имаат секс најмалку еднаш неделно и го опишуваат актот како задоволителен, се изложени на двојно повисока опасност од срцев удар и други проблеми со срцето, отколку за оние кои се воздржуваат од сексуални контакти или ги опишуваат како незадоволителни.

Кај жените ефектот од редовниот секс во подоцнежната возраст е сосема спротивен. Кај нив половиот живот доведува до намалување на крвниот притисок и нормализирање на хормоните во телото.

Новите резултати се токму спротивни на распространетото верување дека редовниот секс е корисен и за двата пола во подоцнежната возраст. Според истражувачите, во потрага постарите мажи да ја задоволат партнерката, вложуваат повеќе напори и енергија, на тој начин се оптоварува кардиоваскуларниот систем.