
Гевгелија ќе мора да се иссели ако се отворат рудниците за злато, предупредуваат активистите на здружението Спас за Гевгелија, кои што ја покренаа иницијативата за ова прашање да се одлучува на референдум. Во следните недели тие ќе водат кампања со која ќе ги информираат граѓаните зошто да гласаат против рудниците, информира Телма.
Ангел Наков е еден од најгласните поборници за чиста Гевгелија. Тој најави жестока борба градот да остане незагаден. Според него, претворањето на Гевгелија од земјоделски во рударски крај, е најголемата грешка која што ќе предизвика еколошка катастрофа.
Референдумот во Гевгелија треба да се одржи на 23 април. Но населението не е запознаено. Најголемиот број од оние што ги анкетираше Телма, ниту чуле за рудниците, ниту дека за нивно отворање тие самите можат да одлучат.
Референдумот во Гевгелија треба да го спроведе општинската изборна комисија, откако советот на општина Гевгелија едносгласно изгласа граѓаните сами да се изјаснат дали сакаат во нивната општина да се отворат два рудника за злато. Две компании имаат концесии за геолошки испитувања на почвата на огромни површини кај Коњска река и кај Конско. За овие три години, колку што граат истражувањата, се покажало дека земјиштето е богато со злато, и тоа многу повеќе од рудникот Иловица во струмичко./извор Телма