Референдумот за ЕУ е можен во Турција

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

 

 

По прашањето дали навистина Турција може да ја врати смртната казна сега следува прашањето дали Турција навистина може да одржи референдум за Европската унија.

еу турАко второво прашање беше отворено пред еден месец, ќе кажев „не“, исто како што веќе еднаш ја отпишав можноста за повторното воведување на смртната казна.

Неодамна сфатив дека згрешив затоа што отфрлив бројни настани кои навистина и се случија. Не очекував да се случи Брегзитот, не очекував Доналд Трамп да биде избран. Единствената утеха ми е дека не сум сам во давањето погрешни проценки.

Отсега натаму, очеувањето што било да се случи – дури и она незамисливото – ми изгледа како фер прогноза.

Франција може да отиде кон крајното десно и Марин Ле Пен исто така може да биде избрана на претседателските избори следната пролет. Холанѓаните за кои се уште верувам дека се едни од најдемократските, плуралистички и толерантни култури во Европа, може да гласаат за расистичка и ксенофобска партија на општите избори следната година.

На иста сметка, Турција може повторно да ја воведе смртната казна, со што најверојатно ќе се стави крај на нејзиниот процес за приклучување кон ЕУ. Или може да го стави прашањето за членство во ЕУ на референдум, што може да заврши со јавен израз на јасна желба да се прекинат односите.

Многумина мислат дека е неразумно Турција фатално да си пука во главата во нејзиниот процес за членство. Но рационалноста во моментов не е водечката сила во светот. Ако беше, немаше да гледаме Британците – кои се познати меѓу најрационалните општества со цврсто општо чувство на логичност – да гласаат да ја напуштат ЕУ.

Кого треба да обвиниме за ова? Секако не обичните граѓани. Наместо тоа треба да го впериме прстот кај кусогледите политичари. Играње на стравот на гласачите е полесно отколку справување со проблемите кои првенствено го генерираа тој страв. Тоа создава ефект на снежна топка. Сите сме понесени од несериозна реторика, и никој не очекува дека тоа ќе заврши ако не одведе до крвопролевање.

Со други зборови, во моментов имаме глобален феномен. Не само што Турција не е имуна на овој феномен, туку некој може да каже дека е и трендсетер.тур мит

На среден до долг рок, може пак ќе изгледа против интересите на Турција да ги оштети врските со ЕУ. Но на краток рок, тоа му изгледа логично на претседателот Реџеп Таип Ердоган да ги обедини популистичките чувства за да обезбеди премин кон претседателски систем.

Многумина мислат дека Турција мора да остане всидрена со ЕУ заради економски причини, посебно откако подобрувањето на економските услови на милиони граѓани ги претвори во лојални гласачи за Ердоган. Но негативните последици за завршување на процесот за членство ќе се почувствува само на долг рок. Да, Турција веќе страда од економски проблеми, делумно заради комликациите на нејзините врски со Европа. Но Ердоган лесно може да си купи време на краток рок со искористување на факторот страв, антиевропското расположение, и барајќи од гласачите да се обединат зад него против „внатрешните и надворешните непријатели“, на сметка на страдални економски загуби.

Да претпоставиме процесот на пристапување на Анкара во ЕУ да заврши заради враќањето на смртната казна или референдум.ланец тур

Кога Ердоган еднаш ќе си обезбеди претседателски систем, секогаш може да седне со ЕУ да преговара за нова форма на односи кои се трансакциски наместо трансформски. По се, нели повеќето Европејци сакаат Турција да остане ем надвор од кругот на блиското семејство ем на дофат на рака?

Дали таквиот развој ќе биде на долг рок во интерес и на ЕУ и на Турција? Не. Но тоа и не е важно. Живееме во доба на политички „карпе дием“

Хуриет дејли њуз – Истанбул