Регистарски таблички на членови на ВМРО биле тргнати од „Сејф Сити“ за да не се казнуваат, рече Филипче

„Ова се информациите што стигнуваат до нас и ќе видиме какви дополнителни податоци ќе пристигнат во следниот период“, истакна лидерот на СДСМ

од Nikola Popovski
180 прегледи Фото: Фејсбук/Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче синоќа посочи дека постојат сомнежи како системот „Сејф сити“ штити луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Филипче наведе дека СДСМ ја поддржува подобрувањето на безбедноста во сообраќајот, но дека остануваат отворени прашања поврзани со контролата и управувањето со податоците што ги собира системот.

„Проблем е што не е јасно што се случува со податоците. Како можеме да поддржиме закон во кој не е регулирано каде се чуваат информациите кои ги собира системот? Граѓаните се снимаат низ целиот град, но никој не знае каде завршуваат податоците и кој ги контролира. Имаме сознанија дека регистарски таблички на членови на ВМРО-ДПМНЕ биле тргнати од системот „Сејф сити“ за да не се регистрираат и да не се казнуваат нивните луѓе“, рече Филипче.

Тој додаде дека ваквите информации се сериозни и дека во наредниот период се очекуваат дополнителни детали.

„Ова се информациите што стигнуваат до нас и ќе видиме какви дополнителни податоци ќе пристигнат во следниот период“, истакна министерот.

Според МВР, во периодот од 01.02.2026 до 28.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци. Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.