Регистриран уште еден земјотрес во Македонија

од Берта Китинска
310 прегледи

Вечерва беше регистриран уште еден земјотрес.

Во 22 часот и 02 минути, регистриран е земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 50 километри југозападно од Скопје, информираат од сеизмолошката опсерваторија.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични содржини