200
Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрираше земјотрес 100 километри јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 3 часот и 22 минути со Рихтерова локална магнитуда 2,6 и интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината, соопштуваат од Телеметриската сеизмолошка мрежа.