Регистрирани 12 смртни случаи од Ковид-19, уште тројца во периодот од 29 септември до 3 октомври

од Nikola Popovski
384 прегледи

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје-Скопје, во земјава, во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица и тоа 5 починати лица од Скопје (53г, 75г, 79г, 79г, и 79г), по едно починато лице од Куманово (73г), Кочани (90г), Велес (83г), Прилеп (70г), Свети Николе (63г), Охрид (78г) и Крива Паланка (79г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 29.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови а 2 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 192.654 бројката на оздравени пациенти е 174.148, на починати е 6.719, а бројот на активни случаи изнесува 11.787.

Слични содржини