Регистрирани 347 нови случи, починаа 7 лицa од коронавирус

од Берта Китинска
126 прегледи

Последново деноноќие регистрирани се 347 нови случаи на Ковид-19 од вкупно 2.383 тестирања, соопшти министерството за здравство

Новозаболените според градови се регистрирани во: Скопје – 157, Прилеп – 35, Кавадарци – 26, Охрид -19, Куманово – 14, Штип и Неготино – по 13, Тетово – 12, Гевгелија – 10, Велес и Крушево – по 6, Битола, Гостивар и Делчево – по 5, Струга, Дебар, Крива Паланка и Виница – по 3, Ресен, Валандово, и Кратово – по 2, Струмица, Кочани и Македонска Каменица – по 1.

Претходниов ден од вирусот починале вкупно 7 лица. 4 пациенти се од Скопје (80г, 79г, 69 и 61г), по 1 пациент од Куманово (80г), Велес (66г)  и Прилеп (61г). Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Министерството информираше и дека 168 пациенти се регистрирани како оздравени.

Вкупната бројка на инфицирани лица со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 97.803, бројката на оздравени пациенти е 88.469, на починати е 3.010, а бројот на активни случаи изнесува 6.324.

Слични содржини