Регистрирани 37 новозаразени со коронавирус, 23 пациенти оздравеле

од Nikola Popovski
194 прегледи

Од направени 3.658 тестирања, регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Според нивниот извештај, новозаразените се од Скопје – 15, Тетово – 8, Куманово – 4, Гостивар – 3, Кичево – 2, Битола, Струмица, Кочани, Радовиш и Дебар – по 1.

Исто така регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Тетово – 10, Скопје – 4, Куманово – 3, Кичево – 2, Гостивар, Штип, Струмица и Кочани – по 1.

Не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 989.214 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.543 бројката на оздравени пациенти е 150.422, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 627.

 

Слични содржини