Регистрирано торнадо во Пелагонија (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Вчера во земјава е регистрирано веројатно првото торнадо, кое се појави во битолското село Живојно, во пелагониската котлина.

-Денес поради големата нестабилност во Атмосферата, дојде до формирање на Торнадо во Македонија, Живојно, Битолско, стои во објавата на метеорологот Славчо Попоски.

Причината за појавата на торнадо во Пелагонија е силниот продор на студена воздушна маса од север.

Во регионот торнада имало на Јадранот, но оваа појава не е карактеристична за македонското поднебје.

Слични содржини