Регулаторна ги објави новите цени на горивата!

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите пониски  цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.

Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Слични содржини