Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи, преку социјалните мрежи изрази длабоко сочувство по повод смртта на Папата Франциск.
„Со тага ја примивме веста за смртта на Папата Франциск. Католичкиот свет и целото човештво изгубија голема личност, чија улога беше исклучително значајна во современите глобални текови. Особено се залагаше за мир меѓу народите и остави траен белег во унапредувањето на меѓурелигискиот дијалог, со цел градење на меѓусебно разбирање, почит и глобален мир,“ се наведува во објавата на официјалниот фејсбук профил на ИВЗ.
Во пораката, ИВЗ изразува искрено сочувство до Католичката црква во Северна Македонија, до нејзиниот поглавар монсињор Киро Стојанов, до семејството на Папата, како и до државата Ватикан.