РЕК Битола од утрово не произведува струја

од Vladimir Zorba

Од утринава РЕК Битола не произведува електрична енергија.

Двата блока на РЕК Битола се во прекин и во моментов најголемиот енергетски капацитет не произведува струја.

Од ЕСМ потврдија дека има дефект, но не открија детали. Најавено е соопштение од РЕК Битола во текот на денот.

Во РЕК Битола пред два дена избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3.

Слични содржини