„Рекет“ продолжи со презентација на материјални докази

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Со презентација на материјални докази и фотографии на кои се прикажува запленета облека на шоуменот Бојан Јовановски, продолжува судењето за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Боки 13 и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

На екранот се прикажуваат разни брендирани обувки, кошули, наметки од одземените 71 вреќа од домот на првообвинетиот.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.

Слични содржини