Рекетари го принудиле да им го препише автомобилот „Масерати“: Вмешана и нотарка

од Nikola Popovski
456 прегледи

Вкупно шест лица се обвинети за кривичните дела „изнуда“, „несовесно работење“, „загрозување на сигурноста“ од страна на скопски Јавен обвинител, објавија вчера од ОЈО. Преку овие кривични дела, тие насилно одземале автомобил марка „масерати“ од оштетениот во случајот.

Во обвинението се наведува целиот случај кој започнува откако едно женско лице кое е обвинето за помагање на 6 септември 2020 година остварила првиот телефонски контакт со оштетениот.

-Таа му се претставила како девојка на првообвинетиот и побарала од него средба и финансиска помош. Таа го намамила да се сретнат следниот ден на улицата „Качанички пат“. Кога дошол на средбата, обвинетите на повеќе локации на Качанички пат, автопатот Скопје-Тетово, патарината Глумово, но и во нотарската канцеларија на обвинетиот нотар во Тетово, со употреба на сила и сериозна закана го принудувале оштетениот да стори нешто на штета на својот имот. Имено, тие на особено насилен начин, нанесувајќи му телесни повреди, го принудувале да им го препише сопствениот автомобил „Масерати“, без притоа да му биде платено, се наведува во соопштението.

бвинетата нотарка се товари дека несовесно постапила во вршење на своите овластувања, па поттикната од првообвинетиот ја отворила нотарската канцеларија надвор од работното време, го составила договорот за купопродажба на возилото, наведувајќи притоа повеќекратно помала и нереална цена од 2.950 евра.

Иако не било извршено никакво плаќање на наведената цена, во договорот таа навела дека сумата од 2.950 евра била исплатена пред нотарот, на денот на заверка на потписите, со што овозможила нелегален пренос на сопственоста над автомобилот во корист на првообвинетиот.

За четворица од обвинетите, за кого Основниот кривичен суд Скопје претходно со решение имаше определено мерка куќен притвор, надлежниот јавен обвинител побара продолжување на оваа мерка, со цел непречено водење на кривичната постапка.

 

Слични содржини