Реконструкција на Влада: Во многу ресори е потфрлено, партиите од мнозинството имаат нерасчистени работи

„Очигледно дека Владата не покажа резултати и затоа е најавата од премиерот Мицкоски дека ќе има реконструкција на Владата, и тој го има тоа право како премиер. Сепак не се знае дали таа реконструкција ќе се случи, бидејќи тој и претхдно најавуваше смена на одредени ресори“, изјави за „Локално“, прaтеникот и претседател на НСДП, Горан Мисовски

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Локално

„Очигледно дека Владата не покажа резултати и затоа е најавата од премиерот Мицкоски дека ќе има реконструкција на Владата, и тој го има тоа право како премиер. Сепак не се знае дали таа реконструкција ќе се случи, бидејќи тој и претхдно најавуваше смена на одредени ресори“, изјави за „Локално“, прaтеникот и претседател на НСДП, Горан Мисовски.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски рече дека во мај или во јуни ќе се знае кои министри ќе бидат сменети, за кога најави реконструкција на Владата. Тој ова го изјави како одговор на новинарско прашање дали ќе биде разрешен министерот Фатмир Лимани по објавувањето негова фотографија со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Според пратеникот Мисовски, премиерот постојано најавува реконструкција на Владата, но досега таа не се случила бидејќи веројатно има нерасчистени работи и во владејачката партија но и меѓу коалициските парнери.

Фото: Горан Мисовски

-Кога велам најавената реконструкција не се случува поради проблеми во самата владејачка партија мислам дека тоа го покажува тоа што на последниот конгрeс не избраа потпретседатели на партијата, кои по правило ги пополнуваат клучните ресори во Владата. Исто така имаат и нерасчистени работи и меѓу коалициските партнери, и тука не мислам само на ВЛЕН, туку и за ЗНАМ. Подолго време се најавува дека ќе биде сменет и министерот за правда Филков, изјави Мисовски.

Пратеничата и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова смета дeка реконструкција на владата е нормална работа, ако има послаби резултати.

-Во многу ресори е потфрлено, според мене најлоша е состојбата во Министерството за земјоделие каде секој месец има некој обвинет за злоупотреби, каде се суспендирани ИПАРД средствата. Но самата реконструкција на Владата е незначајна ако нема одговор на тоа како ќе се справуваме со економската криза. Ни претстојат сериозни случувања и потребно е институциите да работат со полн капацитет. Да не се случи да има само проемна на имињата во одредени ресори, без да има суштинска промена во општеството, изјави Заjкова за „Локално“.

Фото: Јутјуб/Принтскрин/
Собрание на Република Северна Македонија

Премиерот вчера изјави дека заедно со коалициските партнери дека до мај и јуни кога ќе се случи реконструкцијата многу прашања ќе бидат ставени на маса и дека че разговараат за тоа. Тој смета дека како владина коалиција имаат многу добра соработка и не гледа причина за коалицрање со нови политички субјекти.

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Влада

– Како коалиција имаме исклучително коректна соработка и во моментот не гледам простор за коалициски договори и преговори со други политички субјекти, затоа што, ќе повторам, образот го чувате цел живот, а го губите само еднаш, изјави вчера Мицкоски.

Е.Б.