Рекорд и во Бугарија: Потврдени 1.595 нови случаи на Ковид 19

од Берта Китинска
338 прегледи

Потврдени се 1.595 нови случаи со коронавирус во Бугарија.

Шеснаесет лица починаа, објавено е денес на официјалната веб-страница за следење на состојбата поврзана со коронавирусот.

Во последните 24 часа биле тестирани 9.038 лица, од кои 17,65 проценти биле позитивни на вирусот, пренесува БТА.

Досега во Бугарија се разболеле 34.930 лица, од кои 16.033 се активни случаи, а повеќето се во Софија, Пловдив и Благоевград.

Хоспитализирани се 1.792 пациенти, од кои 112 биле на одделот за интензивна нега.

Досега 1.064 луѓе починаа од коронавирус во таа земја.