155
Во Јапонија вчера биле регистрирани 2.810 нови случаи на коронавирус, што е рекорден број на нови инфекции од почетокот на пандемијата, објави јапонското Министерство за здравство.
Уште 45 лица починале, со што вкупниот број на смртни случаи во таа земја достигнал 2.478, пишува Си-Ен-Ен.
Министерството, исто така, објави зголемување на бројот на пациенти, приклучени на респиратор, со што бројката во моментов изнесува 555.