Рекорден број новозаразени во Косово

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Во Косово потврдени се 141 случаи на Ковид 19, што е најголем досега број на позитивни за еден ден од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Вкупниот број заразени се зголеми на 1.756 лица.

Од тој број, 42 случаи се од Приштина, 30 од Вучитрн, 18 од Печ, 11 од Митровица и 9 од Обилиќ. Покрај тоа, се пријавени седум случаи во Призрен, шест во Косово Поле, пет во Гниљане, четири во Подуево, три во Мамуша, 2 во Витина и по еден во Каменица, Партеш, Качаник и Ораховац.

Денес, само пет пациенти се опоравиле, со што бројот на излечени стигна до 968.

74-годишно лице од Ораховац почина денес, па бројот на починати е зголемен на 34, а бројот на активни случаи е 754.