Рекорден е бројот на отпуштените судии во Турција

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Обидот за државен удар во Турција од 15 јули минатата година создаде моќен реваншистички  бран на отпуштања меѓу судиите и обвинителите

Со поледните  акции на власта ан Ердоган има 107 отстранети н само на 5 мај годинава, а  вкупниот број достигна 4 238 лица . Заменик-претседателот на Врховниот судски совет, Мехмет Јилмаз изјави дека работата на прочистувањето на поврзани со организацијата ФЕТО на проповедникот Фетхуллах Гулен судии е веќе завршена. Ако сепак се појават листи со нови имиња, чистката ќе продолжи.

ВСС се собра на вонредна седница веднаш по ноќта на превратот и нареди да бидат прекинати одморите и судскиот одмор на сите во правниот систем. Тогаш беше одлучено 5 од обвинителите во институцијата во Анкара да бидат уапсени и исфрлени од работа, како и 2 745 судии и обвинители од првостепените административни и кривични судови. Листите со имињата на осомничените за врски со Гулен почнаа да се издувуваат со секој изминат ден, добиваа разузнавачки извештаи и сигнали, декодирања  пораки во мобилна апликација ByLock, а членовите на советот продолжуваа да работат на истрагите.

На 10 август 2016 година Главното  обвинителство во Анкара започна нова истрага под обвинение за членство во терористичката организација на Гулен и уште 648 судии и обвинителите беа отпуштени.

Двајцата судии кои  го  оставија на слобода сеуште најбараниот Адил Јоксјуз познат како водачот на Ѓуленистите во воено-воздушните сили, исто така се прости со унфпрмата. Значи првиот бран на прочистување од 24 август минатата година зафати 2 847 судии, на 1 септември ги следеа други 543 лица, а на 13 октомври – нови 184, вмешани во комуникација во мрежата ByLock.

На 30 ноември Високиот судски совет ги отфрли жалбите на 3 165 судии и обвинители, кои ги  оспоруваа отпуштања.

На 1 декември започна истрага против 192 судии, повторно со сомневањето за учество во организацијата на Гулен и тие беа суспендирани.

На 31 декември советот отфрли уште 233 жалби против неосновани отпуштања. Сето ова продолжи и во 2017 година – 227 судии и обвинители летнаа од работа во февруари, 202 во март и така до оној момент лишени од правото да ја вршат својата професија во системот на правда станаа 4 088 лица. Во април беше отпуштен и судијата во случајот против 29 новинари и издавачи, бидејќи пресуди 21 од нив да бидат пуштени на слобода.