Ова е втор ваков случај по 2012 година.

Морскиот мраз во Арктикот е на рекордно мало ниво во 2016 година, изјави генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Петер Талас во Маракеш, информира ТАСС
Областа на мраз во септември била само 4,14 милиони квадратни километри. Ова е втор ваков случај по 2012 година, од почетокот на мерењата во 70-тите години на минатиот век.
Арктикот сам по себе има глобално значење. Таму се гледаат последиците од климатските промени “, истакна Петер Талас.
Петер Талас учествува на Меѓународна конференција за климата (COP22) во Маракеш заедно со вкупно 20.000 делегати од 196 земји.