Вчерашниот број на новозаразени со коронавирус го сруши рекордот во замјава.
Директорот на скопскиот Центар за јавно здравје, доктор Александар Стојанов во изјави дека кога инфекцијата е распространета како сега, многу тешко се наоѓа изворот каде е.
„Не е така едноставна работата. Многу ретко луѓето ги кажуваат контактите. Голем проблем имаме да дознаеме контакти. Во затворен простор се создаваат групирањата“, изјави Стојанов.
Според епидемиологот Никола Пановски dоколку не се ангажираат сите и власта и опозицијата и докторите да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките бројките на заразени со ковид-19 ќе растат вртоглаво.
„Рекордот ќе трае кратко, ќе биде многу брзо соборен. Ова се бројки од петок сабота. По нив ќе дојдат нови од сабота, недела, па потоа нови случаи и тоа ќе се шири. Но ова е сериозен проблем. Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски. Треба да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите и светските лидери да ги вразумат граѓаноите да ги почитуваат мерките. Ова ако продолжи натаму ќе биде смешна бројка.Не само црвен, туку да имаше виолетов аларм мислам немаше да се почитува. Овие бројки се големи, ако се земе во предвид дека уште не е ладно и не е дојдена есента во полна сила“, изјави епидемиологот Никола Пановски.
Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19413, бројката на оздравени пациенти е 15749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2892.