Ременски го демантира написот на МКД.мк „”При претресот во куќата на Ременски најдени се документи, известени се надлежните институции”

од Hristina Nikolovska

Фросина Ременски се огласи на својот ФБ профил по повод написот на интернет порталот МКД.мк со наслов  “При претресот во куќата на Ременски најдени се документи, известени се надлежните институции”.

Ременски се обиде да појасни неколку работи кои се, како што вели, во интерес за вистинито и објективно информирање на јавноста, а во едно и да демантира невистинити информации.

-Сите странки во истражната постапка треба да се придржуваат кон тајноста и законитоста и на постапките што ги водат и на информациите што ги споделуваат со јавноста. – вели Ременски додавајќи дека потврдата од ОЈО за одземени документи, воедно и нивниот демант за природата и тематиката на документите е еден значаен аспект од објавената вест која не смее да биде извор на идни шпекулации и лажни вести. – појаснува таа на својот ФБ профил.

– Веста во порталот е објавена во пресрет на институционална потврда по моја претставка за крајно незаконит влез и претрес во мојот дом што отвара друга сериозна димензија за законитоста во постапување на надлежните за спроведување на истражното дејствие. – пишува Ременски.

Ременски вели дека вмешувањето на името на нејзиниот сопруг Јовче Ременски во контекст на објавената веста е како што вели, како и до сега, е крајно злонамерно и тенденциозно, ако се земе во предвид фактот дека, документи што не смееле да бидат одземени во незаконит претрес се одземени од мене – Фросина Ременски, а не од мојот сопруг, и истите не се ниту предмет на кривично дело, ниту пак потекнуваат од кривично дело.

-Да не заборавиме дека, согласно закон, документ со кој се прикрива кривично дело, пречекорување на овластувања или други незаконски дејствија не може да биде класифициран документ затоа што како член на собраниска Комисија за надзор над УБК и АР од 2017 година сум била иницијатор за надзори, а врз основа на добиени информации од надзори и добиени документи за злоупотреби, до денес, во вршење на служба имам поднесено неколку кривични пријави и барања за постапувања до надлежни органи, за сега без одговор. Тоа ќе се случува и понатаму. – појаснува Ременски.

Ременски, пишува дека, како поранешен министер и сегашен пратеник и потпретседател на Собранието од 2015 година поседува безбедносен сертификат “Државна тајна”.

Ременски демантира дека е во куќен притвор како што пишува во текстот.

Таа го завршува постот со очекувања дека за сите други прашања поврзани со овој објавен текст и мој одговор, очекува комуникација во/со ОЈО, а не во/преку медиуми.

Слични содржини