Ременски: Итно да се разработи „план Б“ за бегалците на границата на Македонија

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Frosina-Remenski-640x320

Ташевска-Ременски ги посети објектите во кои одмараат бегалците и се информираше за активностите кои се спроведуваат во центарот, а се под ингеренција на МТСП, во однос на координирање на активностите на невладиниот сектор, доставата на хуманитарната помош за бегалаците, за функционирањето на објектите во кои се сместуваат лицата кои транзитираат во Македонија, посебно за ранливите категории мајките и децата.

Таа се заблагодари на невладиниот сектор, за грижата што ја пружаат на луѓето кои транзитираат во Македонија и додаде  МТСП  во моментов спроведува голем број активности кои треба да ги засилат подготовките за периодот кога се очекува поголем прилив на бегалци, кога временските услови ќе бидат поповолни. 

– Од комуникацијата што ја имаме со претставниците на меѓународната заедница добиваме информации дека можеби ќе настане и некакава промена во политиките кон бегалците од страна на земјите-членки на ЕУ. Веќе постојат најави за некакви затворања на граници и ограничувања на бројот на бегалци кои би можеле да бидат прифатени од земјите на ЕУ, тоа ќе наметне дополнително редефинирање на некои одлуки и во земјите од Западен Балкан и РМ. Во таа насока сакам да истакнам дека треба да се зафатиме и со подготвување на „План Б“ во случај да имаме такви одлуки и да бидеме приморани како држава да променуваме веќе донесени одлуки, изјави Ташевска -Ременски.

Европејци се за Криволак да го прават камп за мигранти- Се согласува ли Македонија?

МТСП ќе иницира одредени активности, како што рече таа, за навремено да бидат преземни од управувачкиот комитет кој што ги носи одлуките и ги делегира задолженијата кон институциите во однос на подготовка на такво сценарио што ќе наметне дополнителни активности и вонредни напори.шенген

Во јавноста се повеќе се шпекулира  дека е ,многу  извесно меѓународната заедница повторно да  прави обид и да и понуди на Владата на  Македонија да изградат три капацитети за кампови за бегалци, кои би ги финасирала ЕУ се со цел бегалците да бидат што подалеку од нивните плоштади и население. За сега помошта се сведува на гранична полиција од соседните и европските држави, но не е исклучено до колку прифати македонската влада, за извесни поволности,  кон државата да се оди на трајно сместување на бегалците во Македонија, се додека трае кризата.

Рампа: Австрија го суспендира дејството на Шенген договорот

Локално.мк и пред почетокот на големиот бегалски бран , посочи дека се разгледувани неколку локации, меќу другото и на Кривиолак, од межународните хуманитарни организации, но подоцна претседателот на државата Иванов јавно изјави дека за него се неприфатливи планови за градење на кампови. Засега нема официјална потврда дали во моменетов со нова понуда се разговара за такво нешто , но  очигледно е дека  се менува сосотојбата особено поради реакциите на европската јавност по силувањата и криминалите на бегалците низ Европа , и затворањето на границите и сепоизвесното паѓањето на шенген договорот не само со границата со Австрија