Ременски: Ќе ги истакнеме сите докази дека идејаta за општествено добар проект не е кривично дело

од Берта Китинска
254 прегледи

Фросина Ременски, една од обвинетите по денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз” изјави дека ќе докажат дека нема кривично дело кое и става на товар.

-Од воведните зборови и на останатите се доведува во прашање и постоење на кривичното дело за „Меѓународен сојуз“. Ќе ги истакнеме сите докази кои одат во прилог на нашата теза дека самата поддршка на идеја за општествено добар проект од страна на избрано лице не е е кривично дело. За тоа обвинителството, ниту има, ниту ќе понуди докази.Од друга страна пак од понудените сведоци и докази ќе можете да се уверите во реални дејствија од страна на овластени лица кои имале сериозно пристапување во реализација на овој проект. Тоа прашање е од клучно значење за нас, имајќи ја во предвид и самата квалификација која обвинителството ја дало на делото. Многу лесно можете да кажете дека некому сте му дале совет и упатство, но многу е тешко да докажете дали тој совет или упатство е упатство за извршување на кривично дело, или упатување на законска процедура за реализација на проектот. Тие се сериозни прашања кои покажуваат на сериозните фалинки на обвинението, изјави Ременски.

Слични содржини