Ременски: Македонија не го користи доволно членството во НАТО

од Nikola Popovski
337 прегледи

Професорката и поранешна функционерка од СДСМ, Фросина Ременски смета дека Македонија не го истакнува бенефитот од членството во НАТО.

-НАТО не е само тенкови, топови и армија. НАТО е прес се политички сојуз. Многу малку го користиме политичкиот форум на НАТО во дебатите на темите за независност и интегритет, вели Ременски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Според неа, реториката од бугарска страна во преговорите не е вредност на повелбата на ОН и земји-членки на НАТО, кои што треба да си го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет.

Слични содржини