Ременски: На СДСМ потребен му е форум на различни мислења

од Берта Китинска
331 прегледи

Од 2013 година наваму сум бил активен промотор во СДСМ, го познавам членството. Во контакт сум со сите членовите, со младите и пред се со жените, вели Фросина Ременски, кандидатка за претседател на СДСМ во Студио 10 на ТВ24.

-Ние имаме активно регистрирано членство од околу 72.000. Некои луѓе во партијата сум ги гледала само на ден на избори. Изворната поддршка е од оние луѓе кои опстоиле и кога било најтешко, во најжестокото време на владеење на Мијалков и Груевски. Опаѓањето на бројот на гласови го почувствувавме уште од претседателките избори, тоа не е од сега од локалните избори. Зад мојата кандидатура стои членството на партијата, јас денеска можам да кажам чија е Фросина – но дали тоа го рефлектира тоа за што јас се залагам. Јас сум човек на сите заборавени членови, на жените, на младите! Искрено сакам да го обединам СДСМ, му треба форум на различни мислења. На таа маса треба да седнат сите, и на оние кои се сложувале или не се сложуваат со Зоран Заев – вели Ременски.

Слични содржини