Фросина Ременски преку Фејсбук реагираше на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, кои праашаа дали нејзиниот сопруг Јовче Ременски од УБК изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.
„Читам, портпаролот на ДПМНЕ многу нервозен денес на прес конференција влегол во филм за некакви уцени со класифицирани информации поведен од “веста” од вчера и не знам по кој пат го спомнува Јовче Ременски. Да му порачам и нему и на сите заинтересирани дека, од тие “класифицирани” документи одземени од мене – Фросина Ременски многу бргу ќе ги боли глава.
И нека не се залажуваат дека, Ременски работат како нивните суфлери “безбедњаци”, на пазарења, помилувања, креирање инсинуации, прикаски, и воопшто не се занимаваат со партиски фрустрации на спикери и полтрони.
А прашањето од пресот дали на ОЈО и на МВР им е потребен дополнителен медиумски притисок, само покажува како знаеле и како знаат.
Се надевам ќе има прес и медиумски притисок кога ќе дознаат за мистериозните документи“, напиша Ременски на Фејсбук.