Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Ременски: Операторите да одговорат за бројните повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници

Ременски: Операторите да одговорат за бројните повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници

„Нашите телекомуникациски оператори или АЕК мора под ИТНО (!) да дадат одговор за бројните дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници. За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност“ се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор“, сподели на социјалните мрежи пратеничката Фросина Ременски.

Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не се одговара на повиците, кои пристигнуваат со засилен интезитет во последниов период.

Броевите доаѓаат од странски земји, а дел од корисниците се жалат дека им се зголемуваат телефонските сметки само со примена порака од овие броеви.

loading...