Повеќе од убедена сум дека смената на Русковска ќе се случи порано или подоцна, на полош (за неа) начинот од нејзината колешка Јанева – по нејзина заслуга, пишува на својот Фејсбук профил Фросина Ременски, поранешна пратеничка и потпретседателка на СДСМ.
Посочува дека уште пред да стане шеф за организиран криминал во нејзиното работење препознала примена на „суптилна и политички насочена удбашка поддршка“ како основа за иден обвинителски подем, која по правило оди под рака со „пара-полициско постапување во обвинителска канцеларија“, а резултатот е нејзината извршителска склоност и чувство за незаменливост.
– Секогаш кога пријателите и газдите на Русковска ќе почувствуваат несигурност ја имаат неа за контакт. Кога почнаа да чувствуваат притисок и упорност за излегување од ложата на обвинителската удобност почнаа да ѝ даваат „фокус“ во погрешен правец и кон погрешен човек, вели Ременски.