Ременски за „Двојник“: На лицата прво им биле направени фалсификувани лични карти на веќе постоечки идентитети

од Nikola Popovski
584 прегледи

„Анализирајќи го целиот скандал, организиран криминал, на приведените лица, на кои што им е одредена мерка и од јавно достапните информации, не можам да се согласам фокусот да биде ставен само на управно-надзорните служби при МВР“, вели професорката Фросина Ременски за акцијата „Двојник“, за емисијата „Утрински брифинг“.

Според неа, најголемиот апсурд е дека ако станува збор за криминал во МВР од овластените службеници, не можела да се спушти месната надлежност и стварната надлежност од организиран криминал на Скопското ЈО, затоа што во рамките на организиран криминал постои одделение за гонење кривични дела, сторени од овластени службени лица и полициски службеници.

„Оваа е оригинална форма на биометриска патна исправа, која што според сите ИКАО-стандарди не може да се фалсификува. Пасошот е толку високо заштитен што тој ако не се направил, како што го направиле, не би можел да се фалсификува“, вели Ременски, и додава дека на овие лица им биле направени прво фалсификувани лични карти на веќе постоечки идентитети, односно дека не можеле да извадат биометриски пасоши без лична карта.

Слични содржини