Ременски за „Меѓународен сојуз“: Јас и Кирацовски не влијаевме на никој

од Nikola Popovski
389 прегледи

Поранешната пратеничка и обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ Фросина Ременски на денешните завршни зборови во Основниот Кривичен суд Скопје изјави дека не учествувала во проектот за старечки домови, ниту била запознаена со финансиската вредност на истиот.

Според неа, наводите дека е угледна личност не се доволен доказ за да биде обвинета. Таа уште еднаш потврди дека не договарала и не е автор, ниту потписник на договорот. Ременски појасни дека потполно неоправдано и неосновано ја обвиниле.

-Сосема спротивно се гледа од ова. Нема никакво посочено дејствие од мене. Јас и Александар Кирацовски не влијаевме на никој, рече Ременски во судот.

Првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 ги избрал за соработници Јасна Ерцеговиќ, Христина Блажевска и Фросина Ременски, ги манипулирал за тој да ги остварува личните цели, истакна застапникот на обвинението во завршните зборови Трајче Пеливанов на денешното судење.

Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

Слични содржини