289
Поранешната потпретседателка на СДСМ и на Собранието Фросина Ременски во вчерашното гостување во Клик плус изјави дека обвинителката не успеала да го докаже она што го има во обвинението за случајот „Меѓународен сојуз“.
– Ме судат за углед и авторитет, очигледно тие што можеби го немаат, па треба да судат на други. „Меѓународен сојуз“ беше како и секоја друга невладина организација, и како носители на јавни функции и како граѓани, ја дадовме поддршката. Поддршка дадов и на други хуманитарни акции и на идеи. И тоа не е во тајни друштва. Поддршките на сите невладини организации, повеќе од 25 што ги имам на мојата листа во кои сум учествувала, сум ја дала и на „Меѓународниот сојуз“ – рече Ременски.