Рендери покажуваат што да очекуваме од новите iPad Pro таблети

од Vlatko K
87 прегледи

Многу детали се веќе познати за новите iPad Pro модели, кои заедно со други модели на компанијата ќе бидат претставени на специјален настан на 30-ти октомври. Од нив се очекува да имаат LCD екран, да вклучуваат USB-C порта, наместо Lightning, и да имаат технологија Face ID на местото на скенерот за отпечатоци.

Во меѓувреме, унгарскиот дизајнер Виктор Кадар пушти рендери на очекуваните таблети, кои ни даваат идеја што да очекуваме во однос на дизајнот. Се претпоставува дека аглите на екранот ќе бидат заоблени за да го следат дизајнот на новите модели на iPhone, а рамката околу панелот ќе биде значително намалена.

Според гласините, Apple пристапиле поинаку кон двата модели од серијата iPad Pro. Во поголемиот модел, големината на екранот од 12,9-инчи останува непроменет, но намалените рамки довеле до помали димензии на куќиштето.

Во помалиот модел сепак димензиите на куќиштето се задржани, а дијагоналата на екранот е зголемена од 10,5 на 11 инчи.