Голем број обложувалници веќе ги отворија типувањата за победници на претстојните Оскари, а се чини дека многумина се „кладат“ токму на Рене Зелвегер и Жоакин Феникс.
Од друга страна, трката за најдобар филм е многу тесна меѓу „Џокер“, „Беше еднаш во Холивуд“ и „1917“. За најдобра женска улога апсолутен фаворит е Рене Зелвегер, а веднаш по неа Скарлет Јохансон. Во категоријата најдобар актер убедливо води Жоакин Феникс, за неговата улога во „Џокер“.
Во однос на странските филмови, каде е номиниран и „Медена земја“, најнизок коефициент има „Паразит“, но факт е дека по номинациите, македонскиот документарец привлекува сè повеќе и повеќе внимание во јавноста и кај филмските критичари.
Фаворит за најдобра споредна улога е Бред Пит за „Беше еднаш во Холивуд“, додека за најдобра режија исто така е тесна трка, но засега според обложувалниците, води Сем Мендез за филмот „1917“.