Ренот го намалува уморот

од Vladimir Zorba

Ренот е чудотворен корен со кој треба да ја збогатите исхраната. Дијабетичари и  оние кои постојано ги мачи чувството на замор или имаат забавен метаболизам треба да го стават на неделното мени. Ренот претставува повеќегодишна зелјеста билка (Cochlearia armoracia) со потекло од југоисточна Европа и западна Азија.

Подземните делови односно коренот, се користат како зачин и додаток на разни јадења, особено за месо. Кога ќе се каже рен, се мисли на лутиот корен, но малкумина знаат дека и младите листови од ова растение се богати со витамин Ц, каротени и хлорофил. Содржат и значителна количина калиум, фосфор, хлор, сулфур и Б витамини.

Слични содржини