Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Унијата на жени ги прозва амбасадорите во земјава со врска со случајот со заменик-министерот Диме Спасов, кој пред десетина дена направи неколку сообраќајки и бегаше од полицијата, со цел да покаже како би се однесувале тие ако место Спасов тоа бил функионер на СДСМ, британскиот амбасадор Чарлс Гарет му порача дека понекогаш амбасадорите праќаат тешки пораки.

„Овде бев пратен како амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија за да ги претставувам британските гледишта и британската политика, а исто така се пратени и многу амбасадори овде во Скопје, кои ги претставуваат своите земји и нивните политики. Го правам тоа најдобро што умеам и акциите кои ги преземаме зборуваат дека е така веќе 25 години“, рече Гарет.
Тој порача дека Велика Британија е голем поддржувач на Македонија, а себе си се гледа како критички настроен пријател кон Македонија, како и дека ја поддржуваат секогаш кога можат, како во 2005 година, кога Британија претседаваше со Европската унија, а Македонија стана кандидат за член во ЕУ.
„Таква поддршка ние можеме и ја даваме, а истовремено критичките осврти пораките кои ги праќаме мислиме дека се неопходни за да дадеме поттик за тоа на каде треба да се движат работите. Тоа значи дека понекогаш праќаме тешки пораки“, рече Гарет, кој во вторник присуствуваше на панел-дискусијата во организација на граѓанската асоцијација МОСТ за одвојување на политичките партии од државата