Репрезентативецот Ристовски е позитивен на коронавирус

од Nikola Popovski
443 прегледи

Македонскиот фудбалски репрезентативец и член на португалски Спортинг Лисабон Стефан Ристовски денеска соопшти дека е позитивен на коронавирус. Тој открил дека во следниот период ќе мора да остане во домашна изолација, бидејќи тој и неговото семејство се позитивни.

„„Ковид позитивно семејство. Ќе продолжиме да се бориме и ќе се вратиме посилни. Останете безбедни и здрави“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Пред 24 часа бекот играше меч за Македонија, на Кипар против Ерменија. Претходно, во краток временски период играше од првата минута и против Естонија, но и на историскиот дуел против Грузија, во Тбилиси.

Слични содржини