„Република“: Шолц наскоро би можел да поднесе оставка

од Vladimir Zorba

Германскиот канцелар Олаф Шолц би можел да ја напушти функцијата во 2024 година поради падот на довербата на јавноста во неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД), пишува италијанска „Република“, повикувајќи се на неименувани извори.

Весникот забележува дека само во 2023 година нивото на поддршка во СПД паднало од 20 на 15 отсто. Наводно, местото на Шолц би можел да го заземе актуелниот министер за одбрана Борис Писториус – тој е најпопуларниот германски политичар.

Причината за оставката на Шолц може да биде скандалот околу финансиски малверзации поврзани со компанијата Wirecard. Шолц тогаш беше министер за економија и „не бил информиран“, иако следењето на овој случај било негова директна одговорност. Сепак, тој постојано ја негира својата вина за тоа што се случило.

Во исто време, германските аналитичари се сомневаат дека Шолц навистина ќе ја напушти функцијата во блиска иднина, забележува весникот.

Слични содржини