Републиканците бараат оставка од Бајден поради убиените американски војници

од Vladimir Zorba
338 прегледи

„Дали Бајден треба да поднесе оставка или да добие отказ поради неуспесите во Авганистан? Да. Но, тоа ќе нe остави на чело со потпретседателката Камала Харис, што е десет пати полошо“, напиша на Твитер Ники Хејли, постојана претставничка во ОН во администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп (2017-2018).

„Ако претседателот Трамп би можел да биде под истрага и да биде отповикан за телефонски повик, сега е време да се започне истрага за големата негрижа на Бајден во Авганистан. Истрагата и идентификацијата на виновниците ќе бидат подоцна, но ни треба нов врховен командант … сега! Власта што нe натера да влеземе во ова нема компетентност и волја да не извлече од тоа“, напиша конгресменот Рони Џексон на Твитер.

„Џо Бајден мора да ја преземе одговорноста за загинатите американски војници во бомбардирањата во близина на аеродромот денес и да се повлече. Ние мора да ја чуваме нашата војска безбедна и да ја браниме нашата земја“, напиша конгресменот Грег Стуби на Твитер.

„Администрацијата на Бајден лажеше на друг фронт. Нашата војска загина поради неуспесите на администрацијата. Нема изговор за тоа. Ги повикувам претседателот Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и началникот на Генералштабот генерал Марк Мили веднаш да поднесат оставка“, напиша конгресменот Мајкл Клауд.

Голем број други републиканци, исто така, остро го критикуваа Бајден.

Белата куќа одговори на барањата за оставка на американскиот претседател Џо Бајден поради нападот во кој загинаа најмалку 13 американски војници во Авганистан.

„Ова не е ден за политика. Очекуваме секој Американец, избран или не, да застане рамо до рамо со нас и да ја сподели решеноста да ги гони, да се бори и убие овие терористи каде и да се“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки на брифинг.

Портпаролот на Пентагон, генерал Кенет Мекензи, изјави претходно дека 12 американски војници загинале во нападот во близина на аеродромот во Кабул, 15 се повредени. Подоцна се дозна за смртта на уште еден ранет војник.

Американскиот претседател Џо Бајден по нападите во Кабул изјави дека ја признава својата одговорност за се што се случуваше во Авганистан.

„Одговорноста за она што се случува е целосно моја“, рече тој во итна изјава по бомбашките напади на аеродромот во Кабул, во кои загинаа 12 американски војници.

Од почетокот на 2020 година, САД не претрпеле воена загуба.

„Извршителите на нападите ќе бидат најдени и казнети, САД претпоставуваат кој стои зад експлозиите“, додаде Бајден.

„Нема да простиме, нема да заборавиме. Ќе ве фатиме и ќе ве натераме да платите“, се закани тој.

Американскиот претседател му нареди на раководството на Пентагон да подготви оперативни планови за напади против водачите и целите на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за нападите.

Претседателот рече дека ќе се бараат опции за продолжување на евакуацијата на авганистанските граѓани по 31 август и дека САД имаат можност да испратат повеќе војници во Кабул.

Слични содржини