Решена мистеријата зошто југот на Италија е поотпорен на корона: Стручњаците издвоија три фактори, но еден е клучен (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
186 прегледи

Откако епидемијата на коронавирус направи вистински масакр во најбогатата провинција во Италија, Ломбардија, на северот на земјата, многумина стравуваа дека билансот од пандемијата во сиромашниот Југ ќе биде уште полош, но се случи спротивното, меѓу другото, според некои експерти бидејќи се подготвиле на време, но и заради начинот на живот на југ.

И покрај фактот дека здравствените установи на Југ се помалку добро опремени, посиромашни и помалку добро организирани, ширењето на коронавирусот во јужните италијански региони, како Кампања, и на југ во целина, е под контрола уште од почетокот и досега бројот на заразени и починати е многу помал.

Експертите велат дека среќата нема никаква врска со тоа.

Првата причина е скоро очигледна: регионот Кампања имаше можност однапред да преземе мерки за затварање, бидејќи вирусот дојде подоцна во однос на северните региони.

Експертите обрнуваат внимание на два други фактори кои се клучни во успешната војна против „чудовиштето“.

Една од нив е вештина на лекарите од Кампања: нивниот професионализам и извонредната способност да се прилагодат на тешките ситуации биле фундаментални.

Лекарите од Кампања биле принудени скоро секој ден (и не само во моментот на коронавирус) да работат во тешки и небезбедни услови, да се справат со постојаниот недостиг на болнички кревети и чести напади на роднините на пациентите врз лекарите.

Работата во вонредни околности е скоро нормална во болниците во Кампања. Ова искуство им овозможи на медицинскиот персонал од Југот да не потклекнува пред пандемијата, правилно да организира пристап до брзата помош и совршено да управува со недостаток на болнички кревети.

Постои уште едно објаснување зошто бројот на смртни случаи на коронавирусот на југот е многу мал: тоа е цврстата семејна мрежа која опстојува во Кампања за разлика од Северот.

Во Кампања, старите лица ретко се сместени во домови за стари лица.

Родителите, бабите и дедовците продолжуваат да живеат со своите деца и внуци. Ова го спречи масакрот кај постарите лица, што се случи во старечки домови во другите делови на Италија.

Комбинацијата на трите фактори ја доближува Кампања до победата, оценуваат медиумите.

Слични содржини