Следната сабота, на 12 мај ќе се одржи нова средба на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц, во Атина.

Никола Димитров и Никос Коѕијас, еден ден по учеството на конференцијата што ќе се одржи во петок во Сунио, ќе се сретнат со специјалниот претставник на ОН.
Министерот за надворешни работи на Грција, на прес конференција по министерскиот состанок во Солун, рече дека остануваат уште 1-2 централни прашања да се решат, а со неговиот македонски колега разговарале за алтернативите и варијантите за решение.
– Мислам дека овојпат смисливме многу алтернативи, не стигнавме до одлука, и ќе треба да ги известиме и нашите премиери. Ако одлучиме за овие алтернативи, тогаш ќе бидат созреани условите за средби на повисоко ниво, но за тоа, секако, не одлучуваат министрите за надворешни работи, туку нивните шефови, кои кога ќе ги направиме чекорите, што се надевам дека ќе ги направиме, ќе можат да остварат контакт и самите да се договорат за нивните средби. Но, мислам дека до крај ќе треба да се бориме за да го најдеме решението порача Козијас.
Првиот знак , како што неодмана изјави премиеорт Зоран Заев, дека решениеот е извесно е до колку се закаже директна негова средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.