Решено: Бејл го напушта Реал Мадрид во текот на летото, се враќа на Островот

од Vladimir Zorba

Герет Бејл, најверојатно, ќе се врати во Премиер лигата во текот на летото, вели „Диарио Гол“ во неговиот ексклузивен материјал.

Велшанецот покажа добри игри по неговото враќање по уште една повреда, но тој се уште е далеку од нивото кое Зинедин Зидан го бара од него.

Неговото име е поврзано со враќање во Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Се уште не е јасно за колкава сума би се разделиле „кралевите“ со него, но сигурно таа ќе биде блиску до онаа која ја платија за крилото пред години.

Желбата на самиот играч е повторно да се врати на Островот и да биде поблиску до својот дом.

Слични содржини