Неофицијално: Карантинот се продолжува за уште една недела

од Andreja Salpe

Неофицијално дознаваме дека по предлог на Комисијата за заразни болести, рестриктивните мерки ќе останат на сила уште една неделa,

Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор. Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.

Филипче деновиве изјави дека иако бележиме благ тренд на опаѓање на хоспитализирани пациенти, ситуацијата и понатаму е сериозна.

  • Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситауцијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид центрите е голем. Во моментов имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување. Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, вели Филипче.

Инаку, во текот на вчерашниот ден направени се 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на КОВИД-19, а починале 24 лица.

Слични содржини