РЕТРО/ВИДЕО: 1.Мај, симбол на една нова ера, прослава во 1960 година

од Берта Китинска
740 прегледи

Во спомените за старо Скопје, постарите генерации како празник над празниците ја помнат прославата на Први мај – Денот на трудот.

Работните луѓе од цела Македонија се собирале во главниот град каде на спектакуларен начин се организирала првомајската парада на која сите настојувале да го прикажат она што го работеле и она што го постигнале на најдобар начин. Тоа е време во кое Скопје имало Градска, Руска и Офицерска плажа, време во кое вториот ден се славел на Сарај и Матка со пријатели, роднини, во друштво со девојките и момчињата или пак, едноставно со скопјани.

Првомајската треска почнувала петнаесетина дена пред празникот. Градот невообичаено се раздвижувал, секое негово делче, сите работни организации, сите жители од најстарто до најмаладо се подготвувале за дочекот на Први мај.

Во центарот на градот, пред тогашниот Офицерски дом на плоштадот се правела голема бина пред која дефилирале работниците покажувајќи ги своите достигнувања. За тоа време и свечениот дух што ги исполнувал луѓето, со восхит раскажува Трајче Попов, доајен на македонската кинематографија, кој преку својот објектив ги следел првомајските празнувања.

 

Слични содржини