[РЕЦЕНЗИЈА] Рускиот филм „Ученик“ од Кирил Серебреников нуди поглед на религиозниот фанатизам во модерна Русија

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Рускиот филм „Ученик“ ја покажува борбата меѓу фанатично ортодоксниот тинејџер Вења и неговата наставничка по биологија, атеистката Елена која ја предава Дарвиновата теорија за настанокот на светот, за еволуцијата на видовите.Тинејџерот Вења ја открива религијата и предизвикува бранувања во неговото училиште. Тој гневно протестира против предавањата на наставничката по биологија и ги ремети часовите по биологија. Неговите родители се разведени и тој живее само со својата мајка која ја обвинува за тоа што е разведена и се повикува постојано на цитати од библијата, ја суди мајка си, во име на бога.

Под плаштот на верскиот фанатизам подоцна откриваме дека се се крие психотична личност, со сите релевантни симптоми на шизифренија(визуелни халуцинации, илузија на величественост, параноидни идеи.Многу сцени во филмот ги опишуваат психотичните кризи, носи костим од мајмун на часот по биологија, се соблекува гол пред учениците во класот,носи крст кој го заковува во училницата ,го злоупотребува својот пријател кој е инвалид и криви на едната нога. Тој му кажува молитви и го убедува дека со молитвите кон господ ногата ќе му „порасне“.

Момчето, кое е хендикепирано и гладно за емоција и пријателство, се врзува кон Вења, кон кого чувствува благодарност и посебни симпатии, почнува да развива хомосексуална наклоност. На крајот на филмот параноидниот Вења го убива со камен својот пријател.Сите овие показатели укажуваат на дијагноза кај овој ученик,но проблемот е во тоа што никој, ни наставничката по биологија не го разбира лудилото од овој карактер, и го третираат како нормална особа(или барем во прифатливи услови). Сите тие доаѓаат во расправија со него и на крајот , директорката и наставниците го толерираат неговиот фундаменталистички начин на размислување(кој е производ на ментална болест).

Секако, ситуацијата не е реална, во нормален свет лицето веднаш ќе биде однесено во болница. Но, поентата е во тоа што сите луѓе околу, и директорката го губат критичкото размислување и гледаме како науката не може да го издржи нападот на религиозните идеи.На некој начин проблемите допрени во филмот се универзални и не се поврзани со една одредена религија. Занимлив аспект на филмот е тоа што постојано се цитираат цитати од Библијата што покажува дека секоја религија може да стане инструмент на агресија. Филмот е една остра и духовита сатира.

Наставниците во филмот се многу добро прикажани, нивните глави се преполни  со сопствените контрадикторни идеи ,комбинирани од сталинизмот, путинизмот, комунизмот, либерализмот и религијата. Администрацијата на училиштето не може да му се спротистави на религиозниот фанатик,затоа што тие самите немаат идеи или принципи.Кога наставничката по биологија се обидува да му се спротистави на Венијамин и таа се повикува на цитати во Библијата , но ги интерпретира на вулгарен и примитивен начин.Филмот е снимен на минималистички начин во ова нискобуџетно производство, но глумците играат добро, а дијалозите се многу смешни. Филмот има отворен крај, баш како и општеството кое има неизвесна иднина.

С.В.